СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ВО ОДБРАНА НА БЕЈЛИ: Загрижени сме поради нападите против Џес Бејли!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби на вчерашната редовна прес-конференција изјави дека САД се загрижени поради зголемените политичките тензии во Македонија по парламентарните избори на 11-ти декември

jon_kirbi

– Ние сме загрижени поради зголемените политичките тензии во Македонија по парламентарните избори на 11-ти декември и ја осудуваме провокативната реторика од некои политички лидери, напаѓајќи ги демократските институции и амбасадорите акредитирани во Македонија. Ги повикуваме политичките лидери да престанат со нападите, да ги почитуваат демократските процеси и да дозволат формирање на кредибилна и стабилна влада, посветена на владеењето на правото, одговорноста и основните слободи. САД се подготвени да и помогнат на една таква влада за да се постигне долгорочната цел за евроатлантска интеграција, рече портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

Коментарот е очигледна реакција на ставот кој го пренесе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на викендот, велејќи дека некои дипломати во Македонија се вмешуваат во внатрешните рабти и политика. Груевски и амбасадорот на САД Џес Бејли имаа средба овој викенд, што резултираше со соопштение во кое ВМРО-ДПМНЕ порача дека „улогата на Амбасадорот е да ја следи ситуацијата во земјата и да ја информира сопствената за настаните“, потоа му се „заблгодари на Бејли за неговата работа и одржувањето на политичкиот дијалог досега“ – пренесува МИА.

Поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, кои се собраа пред Државната изборна комисија за да го одбранат изборниот резултат од фалсификат во корист на СДСМ, носеа и транспаренти на кои му порачаа на Бејли да си оди од Македонија, а во меѓувреме посакуваа добредојде на Трамп. „Трамп, те сакаме“, пишуваше на еден транспраент – пренесува МИА – Бејли исто така беше соочен со критика на социјалните мрежи, на кои се појавија монтирани фотографии со несоодветна содржина.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This