Шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев на средба во Софија со неговиот чешки колега Јакуб Кулханек на тема Македонија истакна дека од Македонија очекува конструктивен одговор за изнаоѓање одржливо и трајно решение, што ќе придонесе за безбедноста и просперитетот не само на нашите две држави, туку и за целиот регион.
-Од нашиот најблизок сосед очекуваме конструктивен одговор за изнаоѓање одржливо и трајно решение, што ќе придонесе за безбедноста и просперитетот не само на нашите две држави, туку и за целиот регион, рече Стоев.
Стоев нагласи дека Бугарија е отворена за активен дијалог и во изминатите денови се прави се што е можно од бугарска страна, како и од македонска за градење позитивна атмосфера и обновување на довербата во билатералните односи.