Столтенберг: Европа нема потреба за нови одбранбени структури

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Европа не и се потребни нови структури поврзани со одбранбена стратегија на Европската унија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон повика на ревизија на одбраната на ЕУ.

Макрон вчера изјави дека ЕУ треба да дефинира нова одбранбена стратегија што ќе ја зајакне нејзината способност да се брани, иако трансатлантската алијанса на НАТО е корисна и ефикасна.

– Она што ни треба е повеќе капацитет, а не нови структури кои се натпреваруваат за капацитет, изјави генералниот секретар на НАТО Столтенберг на заедничката прес-конференција со француските министри за надворешни работи и за одбрана во Париз.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This