СТОЈАКОВО НА НОЗЕ: Најпопуларниот олдтајмер во Македонија се врати во Стојаково – Стотици луѓе на пречекот на Шуклев и Николов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дуото Шуклев и Николов пред 35 дена го почнаа подвигот за освојување на Азија со 40-годишниот олјдајмер, Рено 4, возејќи 22.000 километри од Стојаково до границата меѓу Монголија и Кина.

Денес, најпопуларниот олдтајмер во Македонија се врати во Стојаково пред толпа од народ која сиве 35 дена го следеше и поддржуваше патешествието на, како што веќе самите ги прогласија, хероите од Стојаково.

Стотици луѓе се собраа на игралиштето во Стојаково да го проследат успешниот крај, на она што пред месец дена изгледаше како невозможна мисија и да уживаат во дружбата со Шуклев и Николов, како и богатата музичка програма, меѓу кои и едно од најзвучните DJ имиња во Македонија, DJ Todoroff.

Стојаково денес живее за момците кои од обична идеја да се возобнови и оспособи старо возило за нови патувања и да се почувствува тежината и емоциите на некогашните патувања, во слични услови, притоа спасувајќи го возилото од „забот на времето“, по втор пат, овој пат успешно ја покорија, големата Азија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This