Стојаноска: “Нecпocoбнaтa влacт yштe и ќe ги нaплaќa бpзитe тecтoви”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија ја надмина психолошката бројка од 1.000 починати од корона вирусот и никој од власта, ниту Заев, ниту Филипче, не чувствуваат одговорност, но покажуваат апсолутна неспособност да се справатг со кризата, рече на прес конференција во ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска. Таа изјави дека друг проблем е што брзите тестови кои се донација, граѓаните ќе ги плаќаат од свој џеб.

„Проблем е и нивниот однос кон народот во време на здравствена и економска криза. Замислете, министерот Филипче најавува дека донацијата со брзи тестови за корона вирусот граѓаните ќе треба да ја плаќаат од свој џеб! Бесплатните донирани тестови, граѓаните, на сета мака која ја имаат, ќе треба да ги плаќаат од свој џеб! Овие тестови, но и други кои државата мора да ги обезбеди час поскоро, треба да бидат бесплатни за народот”, рече Стојановска.

Таа додаде дека за да биде апсурдот поголем, „ВМРО-ДПМНЕ е партијата која предлага конкретни мерки за справување и ублажување на епидемијата, а СДСМ се однесува како опозиција и бара виновници”.

Стојавовска оцени дека токму партиските и владините функционери сега зачестено се заразуваат со ковид-19, на кои им посакува оздравување, но и праша – кој е виновен што тие се заразија. Таа рече дека досега Владата требаше да го разреши Филипче од функцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This