Страната од лебот: Приказна за долг и среќен брак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој млад брачен пар сака да ја дознае тајната за како тој да истрае и да остане исто среќен како што е на почетокот. Никој не може да каже само еден единствен начин како да дојдете до тоа, но едно е сигурно, а тоа е дека секогаш мора да се грижиме еден за друг, да се почитуваме и сакаме, а притоа мораме да правиме компромиси. Оваа необична приказна ќе ви покаже како да го постигнете тоа:

Таа печела леб секое утро, бидејќи тоа била нивната традиција. Исекла две парчиња леб и двете ги намачкала со путер.

Како и обично, го дофатила парчето од средината за да му го подаде на својот сопруг, а за себе да го остави оној со кора, но одеднаш застанала.

Таа помислила: „Денес, кога славиме 30 години од нашиот брак, јас сакам за појадок да го изедам парчето од средината. Сонувам за него целото ова време. Бев примерна жена сите овие години и ги воспитав нашите синови да бидат добри луѓе. Вложив толку многу за доброто на нашето семејство!“

Одлучила на сопругот да му го даде парчето леб со кора, но раката ѝ затреперила поради тоа што ја прекршува традицијата која е стара веќе 30 години.

Мажот внимателно го прифатил лебот и ѝ рекол:

„Денес ми даде прекрасен поклон, драга. Цели 30 години не сум го јадел делот со кора кој толку многу го сакам, бидејќи сепак е правично ти да го добиеш она што најмногу го сакаш! Ти благодарам!“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This