СТРАШНИ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО ВО ОХРИД:Ја убил соседот од вториот спрат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 Пронајден и уапсен убиецот на 67 годишната Спаса Бојоска од Охрид. Како што информира Јавното обвинителство, станува збор за соседот кој живеел во истата зграда со убиената.„

galicica-ubistvo-1

„Во координирана акција на надлежните органи, лоцирано беше лицето кое е осомничено за извршеното Разбојништво со смртни последици, кое се случи во Охрид на 20 февруари. Лицето е лишено од слобода и по наредба на надлежен јавен обвинител во тек е преземањето на дејствија за натамошно расветлување на кривично правниот настан. Осомничениот кој потекнува од Куманово, во моментот на разбојништвото живеел во иста станбена зграда со жртвата и се познавал со неа. По извршеното разбојништво, осомничениот заминал за Куманово со намера да излезе од границите на државата. Основното јавно обвинителство Охрид ги презема сите потребни дејствија за кои јавноста благовремено ќе биде информирана.“ – стои во соопштението на ЈО.

Неофицијално според информациите кои ги објавија локалните охридски медиуми станува збор за соседот од вториот кат во зградата во која живеела Бојоска,  Ј.К.

Соседите велат дека синоќа биле повикани повеќе луѓе на распит, но најсомнителен бил соседот од вториот кат. Тој е на возраст од 40 до 50 години и бил по потекло од Куманово.
Еден повозрасен жител на „Галичица“ изјавил дека во блиската самопослуга пред неколку дена нивниот сосед Ј.К. од Куманово, кој живеел во зградата им се заканувал на вработените одземајќи им 1000 денари. Според помлад станар на зградата, тој покажувал повремено агресивно однесување и не бил пријатен за соседството. Според него, тој се почесто започнал да ја посетува Спаса и дека повеќе пати од неа барал пари на заем. Веројатно завчера повторно отишол кај неа по пари и најверојатно и побарал поголема сума, знаејќи дека прима германска пензија, а има и син во Германија. Младиот сосед на Спаса вели дека најверојатно таа одбила да му даде пари по што Ј.К. ја убил.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This