Стружани на пpoтecт: Среде пандемиja, град покpaј река и езеро нема вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Проблемот со честите прекини во водоснабдувањето, немањето притисок, често после дожд заматената вода за пиење и рестрикциите, стружани денеска го искажаа со мирен протест пред просториите на јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Револтирани поради, како што велат, во 21 век, во време на пандемија, се снаоѓаат како да обезбедат вода за основните домашни потреби. Ваквиот проблем, нагласуваат, не е само оваа година, туку, како што тврдат, се провлекува 10-тина години, а последните две години освен во летниот период одредени реони во градот немаат вода за пиење ниту во ноември и декември. Најголем проблем имаат жителите во зградите на повисоките катови.

Причина за немањето вода, според Дејан Јанкоски, е старата и дотраена водоводна мрежа, а сушата не е причина како што наведуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

– Водоводната мрежа мора да се смени, цевките се стари. Тече низ улици. На улицата „Ѓуро Салај“ како гејзер повеќе од 15 години тече од шахта. Неконтролирано вода тече и на „Маркс и Енгелс“ во Плитишта,.. Пукаат цевките и тука бега доста вода. Со сушниот период неможе да се извадат, бидејќи и во другите градови е суша, никаде не врнеше низ Македонија, па секаде имаат вода, само кај нас нема. Мора да се преземе нешто, да се направат нови базени, нова водоводна мрежа, за да може да функционираме нормално, изјави Јанкоски.

Жалосно, е како што вели Васко Јолески од невладината „Каприкорн 2010“ градот, кој се протега на две води, населението да нема вода за основни потреби.

– Сите кажуваме дека Струга има планинска и питка вода за пиење, но за жал не е така. Анализите на водата покажуваат сосем спротивно. Дека водата од водоводната мрежа не е за пиење, дека е загадена, а во последно време и воопшто ја нема. Не се проблем само рестрикциите, кои се прават наводно поради немање вода. Ние секој втор ден немаме вода од технички причини, пукнати цевки, заматена, немање доволно хлор. Проблемот се провлекува 10-тина години, истакнува Јолески.

Стружанката Тања Бах вели дека изминатиот период немале вода во текот на целиот ден, но по најавата на протестот вода добивале преку ден, а во 22 часот веќе ја исклучувале.

– Не дека е време на пандемија и дека вода треба задолжително да имаме, туку и без пандемијата се знае дека водата е основно човеково право. Овој проблем се провлекува со години и некој треба да го реши. Не е наша работа да се грижиме за вода, кога плаќаме сметки редовно, посочи Бах.

За секојдневните потреби, додаде дека се снаоѓаат, полнат кофи, шишиња… навечер или кога има и оти тоа им прави голем стрес.

– Полниме навечер или во моментите кога доаѓа. Неделава имаме вода во текот на целиот ден, некаде до 15 часот, потоа притисокот е слаб, а навечер нема воопшто. Веќе се научивме до 15 часот ги завршуваме сите работи, тоа е директно влијание на нашите животи. Живееме под стрес. Овој проблем треба да се реши. Незнам што е друго поважно од водата. Ова на сите треба да им е приоритет, изјави Бах.

ЈП „Водовод и канализација“ пред неколку дена на својата фејсбук страница упати апел до стружани да не се злоупотребува користењето на водата за пиење за технички и други цели за побрзо решавање на проблемот со недостиг на вода во градскиот водовод. Од претпријатието посочуваат дека причина за немањето вода е сушата и лошата хидролошка состојба и поради тоа најавија рестрикции од 22 до 5 часот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This