Стpaшна нecpeќа: Такси влечеше човек неколку километри низ центарот на Белград

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Телото на маж, на возраст меѓу 55 и 60 години, кое беше пронајдено синоќа во Главната пошта во Белград, стигнало таму со такси возило кое го влечело телото повеќе километри од Канадската амбасада.
Овој бизарен случај ги запрепасти и полицијата и обвинителството, кои истражуваат како сето тоа се случило, бидејќи нема оштетување на такси возилото, а таксистот тврди дека не чувствувал ништо невообичаено додека се движел со, како што е утврдено, соодветно брзина.
На таксистот му беше одредена мерка притвор до 48 часа, бидејќи се проверуваат сите околности на случајот, изјави за Танјуг Првото основно јавно обвинителство во Белград.
Во моментот кога минувачите го пронашле, човекот сѐ уште покажувал знаци на живот.

Се сомнева дека станува збор за бездомник, бидејќи немал никакви документи со себе и бил неухранет.
По прегледот на камерите, полицијата утврди дека контактот помеѓу овој човек и такси возилото се случил на улицата Кнеза Милоша, пред бројот 74, помеѓу првата и втората лента, од правецот Мостар кон Лондон.
Се верува дека таксито го повлекло телото на мажот до аголот на улиците Косовска и Таковска, а потоа таксито продолжило да вози.
Како се се случило ќе се утврди со понатамошна истрага.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This