СУГАРЕСКИ: Градежништвото бележи раст од 2,8 отсто во вториот квартал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески најави дека растот на градежништвото ќе продолжи и во наредниов период што според него се должи на реализацијата на инфраструктурните проекти.

– Најавивме економска година и интензивно работиме на реализација на инфраструктурните проекти така што, резултатите се веќе видливи. Тоа го потврдуваат и последните податоци за Бруто Домашниот Производ за вториот квартал каде имаме раст од 3,1 отсто или само градежништвото бележи раст од 2,8 отсто, и со исто вакво темпо продолжуваме и во следниот период – изјави Сугарески по увидот на рехабилитацијата на регионалниот пат од Маврово до Никифорово.

Тој нагласи дека во ек е градежната офанзива низ целата земја и притоа се реализираат значајни проекти. Сугарески потенцира дека засилено се работи насекаде низ државата и како што рече, подобрувањето на состојбата на патиштата е од особено значење и за граѓаните и за компаниите, како дел од ветувањата за рехабилитација на целокупата патна мрежа.

Според министерот, во моментов низ земјава се реализираат инвестиции од преку 800 милиони евра во патната инфраструктура.

– Морам да спомнам дека се засилени и градежните работи на автопатот Кичево – Охрид, континуирано се врши и проектирањето за изградбата на новиот автопат од Гостивар до Кичево, така да многу сме активни во овој дел во државата во подобрување на патната инфраструктура – подвлече Сугарески.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This