Сугарески пoднece ocтaвкa oд фyнкциjaтa пpeтceдaтeл и члeн нa Haдзopниoт oдбop нa СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот и членот на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески пред дваесетина минути на својот Фејсбук профил соопшти дека дава оставка од овие функции.

„Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ.

Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки.

Упатувам благодарност на актуелното партиско раководство, како и на сите членови на партијата за укажаната можност да извршувам високи партиски функции, меѓу кои и последната, претседател и член на Надзорниот одбор.

Јас сум социјалдемократ, секогаш тоа и ќе бидам. Останувам верен на партијата и се ставам на располагање за било каков понатамошен ангажман.“, напиша Сугарески.

Горан Сугарески беше кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Прилеп.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This