СУДИИ ОД ТЕФТЕРОТ НА КАЛЕТО: Во новата година, нови судии ќе ги судат предметите на СЈО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ и СЈО немајќи докази против обвинетите извршија притисок врз судството за прераспределба на судиите, па така си поставија свои партиски судии кои ќе треба да ги осудат политичките неистомисленици на Заев, пишува порталот Денешен.мк.

Дека новиот избор на судии треба да одработи за СДСМ потврди и врховниот судија и претседател на Здружението на судии, д-р Џемали Саити, во емисијата 360 степени изјави дека стравува од клиентелистичкиот пристап на судиите кон новата власт.

-Предмет на СЈО добива судијата Владимир Туфегџиќ, татко на пратеничката на СДСМ, Ивана Туфегџиќ, кој ќе треба да им суди на политичките неистомисленици на неговата ќерка. Друг судија кој добива предмет, а важи за близок до СДСМ е судијата Огнен Ставрев, кој е син на истакнатиот член на Комунистичката партија, а во јавноста познат по тоа што го пушти на слобода Зоран Верушевски, обвинет за сериозни кривични дела, како незаконско прислушкување, шпиунажа и насилство кон државните институции во случајот Пуч. Судијката Џенета Бектовиќ, која не можеше да го пресуди Мирослав Шиповиќ за милионски криминал во Машинопромет, сега како награда е прераспределена во одделот за организиран криминал и добива случај на СЈО, пишува Денешен.

Контраверзна е одлуката да случај добие и Дарко Тодоровски, судија против кој се водат дисциплински постапки во судскиот советот и поведена постапка за негово разрешување од судската функција. Воедно Тодоровски како син на последниот секретар на Собранието на Македонија во еднопартискиот систем, важи за близок редовите на СДСМ, додава порталот.

-Како судии на претходна постапка во Одделението за организиран криминал се наоѓаат Весна Димишкова и Ненад Савески кои ја донесоа одлуката за притвор за настаните од 27 април на 36 лица меѓу кои се наоѓаат пратеници, актери, режисери, уметници и полицајци кои се политички неистомисленици на Заев и СДСМ, а чија единствена вина е тоа што си ја сакаат државата. На листата судии кои ќе одлучуваат по предметите на СЈО се наоѓа и омилениот судија на Зоран Заев, Седат Реџепагиќ кој претходно два пати одби да му изрече мерка притвор во случајот Глобал. Покрај тоа тој е познат и како шеф на истрага кој по нарачка на СДСМ ги спроведувал истрагите против политичките неистомисленици, пишува Денешен.

СДСМ спротивно на препораките на ЕУ и Прибе, целосно ги политизира институциите ги го зароби судството во Република Македонија. Повеќе од јасно е дека ваквиот избор судии за предметите на СЈО треба да донесат одлуки по налог на Зоран Заев и СДСМ, за конечно пресметување со нивните неистомисленици.

На овие одлуки реагираше и судијата Лазар Нанев кој истакна дека Судскиот совет и новата извршна власт се наоѓаат во една романтична љубовна врска во која Судскиот совет со цел да се додвори на новата извршна власт, а овие другите не баре сакаат и се борат за независност, ама бога молат да ја нема независноста на Судскиот совет со цел во периодот кој што следува, своите кумчови, другари и роднини да ги сместат таму кај што треба.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This