СУДИР ПОМЕЃУ ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА ВО ЕГЕЈОТ: Турски воен брод намерно удрил во Грчки патролен брод во Егејско море!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчките власти тврдат дека Турски воен брод удрил во еден од нивните патролни бродови во близина на територија во Егејското Море околу која двете држави имаат спор. Инцидентот се случил во понеделникот вечерта, а според грчките информации бродот бил засидрен во близина на островот Имија кога Турскиот брод намерно удрил во грчкиот, пренесува Екатимерини.

За среќа никој не бил повреден во „нападот“, како што пишуваат грчките медиуми.

Инцидентотсе случува во момент кога тензиите се на високо ниво помеѓу двете НАТО земји, кои пред 22 години за малку не влегоа во отворена војна. Турција го оспорува суверенитетот на островот Имија и ги нарекува Карадак. Претходно овој месец, Анкара ги предупреди грчките власти кои поставија своја војска на оспорениот остров, дека ќе се соочат со сила „полоша од онаа во Африн“, алудирајќи на турската офанзива во северозападна Сирија.

„Ќе им ги скршиме рацете и нозете на грчкиот пермиер и било кој од нивните министри, кои ќе се обидат да влезат на Имија“, изјави Јигит Булут, висок советник на турскиот претседател Реџеп Таип Рдоган.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This