СУПЕР БАБИЧКА: 77-годишна жена живее сама со животни на Сибир и лизга на замрзнатото Бајкалско Езеро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љубов Мореходова го привлекува вниманието на светот со својот скромен начин на живот и со лизгачките способности.

77-годишната бабичка живее на Сибир и секојдневно лизга на мраз на најдлабокото езеро на светот, Бајкалското Езеро.

Откако почина нејзиниот сопруг во 2011 година, Љубов живее сама, но и покрај тоа, тврди дека е среќна и исполнета. Нејзини единствени пријатели се животните на нејзината фарма, па посветено се грижи за нив.

За да ги надгледува и да се увери дека нејзините крави нема да заминат многу далеку, Мореходова ги става лизгалките, кои во 1943 година ги направил татко ѝ, и лизга по замрзнатото езеро.

„Тука имам сè. Имав можност да го напуштам овој живот откако почина мојот сопруг, но не можев. Знаев дека животот тука е многу тежок. Татко ми работеше напорно со мајка ми. Како би можела да заминам? Како?“ – вели баба Љуба за нејзината одлука да живее сама.

Одвреме-навреме оваа бабичка ја посетува нејзиниот син, а во лето друштво ѝ прават внуците.

„Во лето, кога има многу луѓе им велам: Собери си го ѓубрето, не оставај неред зад себе. Не оставај ѓубре, сè завршува во Бајкалот“ – вели таа и додава дека е среќна онаму каде што е.

„Седам сама во кујната. Седам и го гледам ова. Ме усреќува, ме расположува и си помислувам дека кога некој би седел до мене, би рекол: Каква убавина. Каква неверојатна убавина“ – вели таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This