April 27, 2024, 10:41 pm

ТАА Е НЕГОВАТА НАЈГОЛЕМА СРЕЌА: Александар Белов сподели фотограгии од најважниот ден во неговиот живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако на почетокот на минатиот месец најпрвин ја побара раката на својата долгогодишна девојка во комплексот на манастирот Свети Наум во Охрид, македонскиот пејач Александар Белов минатиот викенд се заколна на вечна љубов и и кажа „да“ на својата избраничка, Јелена. Парот направи свадба во Крагујевац, а сега Белов на својот Фејсбук профил сподели неколку фотографии од прославата и преку емотивна порака и порача на својата саканата дека таа е неговата најголема среќа.

„Среќен е оној маж што ќе најде вистински пријател, а најсреќен е оној, што најдобриот пријател ќе го најде во својата сопруга“, напиша Белов за една од веројатно неговите омилени свадбени фотографии.

Инаку, на свадбата на Александар и Јелена присуствуваа околу 250 гости.

Претходно, дента двојката се венчала во манастирот „Дивостин“ крај Крагуевац, каде покрај српското гордо се веело и македонското знаме кое ќе ја следи целата церемонија.

„За да живеам ми треба срце. За да имам срце ми треба среќа. А за да имам среќа потребна си ми само ти“ – напиша пејачот при прославата на нивната годишнина од врската, пред да се земат, а свадбената церемонија ја започнал исто така со цитат: „Среќен е оној маж што ќе најде вистински приијател, а најсреќен е оној, што најдобриот пријател ќе го најде во својата сопруга“, по што следувал и првиот свабен танц на младите со песната „Ако те питају моја љубави“ од хрватскиот автор и пејач Петар Грашо.

Иако свадбата на Белов не била мегаломанска и на неа имало само околу 250 гости, сепак била весела, распеана и разиграна, со ора и чочеци, српски кола и српски, но и сплет од македонски песни, а расположените гости постојано биле на нозе и цело време играле, пееле и се веселеле.

Меѓу сватовите, покрај семејството на Белов, гости на неговата свадба биле и неколку македонски личности од јавниот, новинарскиот и естрадниот живот.

Имено, повеќе или помалку е познато дека Белов е близок пријател со новинарката и водител на МТВ, Александра Јовановска, инаку позната по нејзината емисија „Стисни плеј“, потоа новинарката Андријана Јовановска, како и неговиот колега, македонскиот пејач Даниел Дан, кои биле меѓу присутните гости.

Остана непознато само дали и каде Александар Белов и неговата сега веќе животна сопатничка Јелена ќе го минат медениот месец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This