ТАКВА ПЕШАДИЈА ЕВРОПА УШТЕ НЕМА ВИДЕНО: Страшна терористичка армија се подготвува во Босна и Херцеговина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таква злоупотреба на деца сме виделе само во Сирија и Ирак. Такво нешто на децата им прави само Ал Каеда и ИСИС. Тоа во Европа не се прави, особено не смее тоа медиумски да се покрива, вели Џевад Галијашевиќ

„Што сме ние? Аскери!“, тоа би можело да биде сосема вообичаен мотивациски повик кога не би се работело детски камп, кој, помеѓу останатото, го води Насер Ориќ, бивш командант на војската на БиХ. И да, аскер на турски значи – војник.

На снимката која е објавена на каналот Јутјуб, од овој камп со официјален назив Здружение за развој на физички позитивни морални особини „Аскери“, јасно се гледа дека деца, главно момчиња, поминуваат физички тренинг кој е доста сличен на оној кој може да се види во воени или некои други милитантни центри. Она што загрижува е фактот што „тренерите“ сериозно потсетуваат со својата физичка појава на вахабисти, а уште повеќе фактот што таквиот камп не е единствен во БиХ.

Џевад Галијашевиќ, експерт за безбедност од БиХ, вели дека не е непознат факт дека позади разни „спортски клубови“ во Федералниот дел на БиХ се бават со милитаризација на деца. Како што објаснува Галијашевиќ, за него тоа е подеднакво страшно како што во кампот „Аскери“ се споменува името на Насер Ориќ, како и фактот дека таа организација сама се огласи, што фактички значи дека повикува нови членови да им се придружат.

„Интересно е дека не беа во фокусот на безбедносните служби се додека не беше објавена вежбата во кампот Јелен кај Тешња која е на граница со хрватската општина Усор. Таа општина од вчера издаде соопштение по последната седница во која изрази голема загриженост поради овие случувања“, вели соговорникот.

Според она што го видовме, она што се случува во кампот, јасно е дека е во прашање милитаризација на деца која се обавува со верска основа, во која зборуваат за припремање на муслиманите за проблемите во иднина. Галијашевиќ вели дека е јасно дека во камповите се обавуваат физички припреми кои недвосмислено потсетуваа на предвојничка обука, односно обука која, како што вели, нема ниту во еден наставен програм.

„Нема сомнеж дека се работи за злоупотреба на деца и чекор кој води кон Блискиот исток, а не кон Европа. Се што видовме, дури и да заборавиме на Насер Ориќ, не е преседан, ниту исклучок. Постојат разни врсти на спротски обуки кои се обауваат дури и во просториите на Исламската заедница во БиХ, или во џамиите, а каде децата се обучуваат на боречки вештини. Тоа што е важно е дека децата на оваа возраст не можат и не смеат да бидат подложни на такви обуки“, вели Галијашевиќ.

Галијашевиќ е убеден дека позади сето тоа не стои само Оруж, туку „вкупната национална и верска елита на Бошњаците“.

„Такви активности на свој начин поддржува Исламската заедница и тоа е страшно. Тие не гледаат проблем во милитаризацијата на деца и во формирањето на воена психоза кај нив и учење на евентуални воени судири. Таква злоупотреба на деца видовме во Сирија и Ирак. Такво нешто на децата им прави само Ал Каеда и ИСИС. Тоа во Европа не се прави, а особено тоа не смее медиумски да се промовира“, вели Галијашевиќ.

Неодамна германскиот весник „Шпигл“ објави текст во кој се наведува дека радикалните сунити пронашле ново место во Босна и Херцеговина за делување од позадина, со напомена дека станува збор за луѓе кои проповедаат џихад и врбуваат борци за ИСИС – во сред Европа. Листот понатаму наведува дека германските истражители тргнуваат од тоа дка во Босна и Херцеговина постојат околу 12 места во кои радикалните салафисти, несметани од државните власти, ги собираат своите следбеници.

Неодамна и американскиот експерт за политика на Балканот и прашања за безбедност Гордон Бардош изјави дека смета дека главниот предизвик за разузнавачките и безбедносните служби кои се занимаваат со заканите на ИСИС, ќе бидат нивна балканска мрежа. Бардош укажува дека голем број на странски војници потекнуваат од овој регион и дека, според студиите, БиХ и Косово даваат повеќе џихадисти доброволци по глава на жител отколку било која друга земја во Европа. Во текстот објавен на Американскиот центар за демократија, Бародш истакнува дека ИСИС сега упатува свои следбеници финансиските донации да ги усмеруваат преку овој регион.

„Објектите за обука на терористите во БиХ често делуваат под маската на т.н. младински кампови, кои се поставени во оддалечени краеви далеку од љубопитните очи, каде бившите муџахедини земаат млади луѓе и ги одведуваат во локалните брда и шуми на воена обука“, наведува Бардош.

Босна и Херцеговина веќе со години одбива да состави листа на џихадисти, односно, терористи на тој простор, поради што со години е блокирана во меѓународната заедница.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This