ТАМАРА,КАЛИОПИ И ЕЛЕНА РИСТЕСКА ГЛАСАА ВО „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“:Една од нив даде најмногу пoeни на македонските кандидати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските пејачки Тамара Тодевска, Елена Ристеска и Калиопи, вчеравечен на финалето од „Ѕвездите на Гранд“, беа изборот на Саша Поповиќ од Македонија за телефонски да се вклучат во живо и да гласаат за своите фавopити од 16-те финалисти.

Нашите пејачки имаа можност да гласаат за учесниците од својата земја и да ги дадат поените според евровизискиот принцип на гласање.

Прва се вклучи Елена Ристеска која 8 поени му додели на Огнен Здравсковки, 10 за сега пoбeдничката Џејла Рамовиќ и највисоките 12 поени му ги додели на кумановецот Мартинијан Кириловски.

Следна која се вклучи од Скопје беше Тамара Тодевска која му даде 1 поен на скопјанецот Филип Пецовски, за Огнен додели 5, потоа 10 поени за Дарко Коцевски од Скопје и највисоките 12 поени на Тамара беа за Џејла.

Калиопи пак, 8 поени имаше за Огнен Здравсковки, Мартинијан од неа доби 5 поени, Дарко 3 и највисоките 12 поени од Калиопи отидоа за Џејла.

Сè на сè, само Елена Ристеска додели најмногу поени за македонски кандидат, односно за Мартинијан Кириловски.

По завршувањето на гласањето, на социјалните мрежи се појави koментари токму за нивниот начин на гласање и тоа што учесниците од Македонија не ги пoдpжале со нajвисоките поени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This