ТАНЕЦ СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО ГРАДЕЖНА ФИРМА: „Танец“ е жртва на грубата партизација и депрофесионализација која СДС систематски ја спроведува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неспособниот Алаѓозовски се изживува со културата и културните установи. Националниот Ансамбл „Танец“ е жртва на грубата партизација и депрофесионализација која СДС систематски ја спроведува, изјави Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-Варваринот Алаѓозовски го разреши Маестро Зоран Џорлев, од директорското место во „Танец“. Го разреши познатиот македонски виолинист, изведувач и професор, за на негово место да го постави Стојанче Павловски, градежен среднист, чиј единствен квалитет и заслуга е тоа што е партиски потрчко на СДС. Три дена откако некомпетентниот Стојанче Павловски е поставен за директор на „Танец“, не стивнуваат реакциите. Граѓаните се револтирани од односот на СДС и Алаѓозовски кон „Танец“, установа која повеќе од 6 децении ја промовира македонската култура, традиција и фолклор секаде низ светот. СДС нанесе голем удар врз Националниот Ансамбл „Танец“ од несогледливи последици по репутацијата на истиот во земјата и странство. СДС си поигра со повеќе од 6 децениското творештво на „Танец“ и во еден миг го изедначи најголемиот македонски културен промотор со столарска работилница, истакна Милошевски.

Според него, Алаѓозовски треба да сносни одговорност за штетата која и ја причинил на културата во изминатите 77 дена додека е министер за култура.

-Тој треба да покаже минимум интегритет како личност и да си поднесе оставка. Тоа е единствено безболно решение за македонската култура, која доколку остане во негови раце осудена е на стагнација и уназадување. Не може да е виновен Дарко Лешоски што нема капацитет да ги води Струшките вечери на поезијата. Главната вина е во Алаѓозовски што си игра со пари на граѓаните и репутацијата на институциите. Стојанче Павловски, кој како партиски пајташ дојде на местото на Маестро Зоран Џорлев, треба веднаш без одлагање да го следи примерот на Дарко Лешоски, и да си поднесе оставка на позицијата за која не е компетентен, посочи Милошевски.

СДС и Алаѓозовски, вели тој, наместо да се соочат со последиците од своето неодговорно однесување, молчат и се надеваат дека граѓаните ќе заборават на ваквиот безобразен и деструктивен однос кон културата. Додаде дека СДСМ и Алаѓозовски ќе сносат политичка одговорност за провалијата во која ја што ја туркаат културата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This