Таравари: Бродот кој што тоне сите го нaпyштаат, постојат шанси за ново парламентарно мнозинство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас мислам дека ќе има и ново мнозинство, постојат реални шанси да има ново мнозинство, најави Арбен Таравари градоначалник на општина Гостивар во вечерашното интервју во емисијата Топ тема на Телевизија Телма.

Таравари ги отфрли шпекулациите дека е можно пратеници од коалициската Алтернатива да премини во парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, порачувајќи дека владата е всушност брод кој што тоне, а обично во такви ситуации, како што рече, тој бродот кој што тоне сите го напуштаат.

-Сега за сега од Алтернатива нема никакво преминување. Знаете дека Заев од пред една година вели ќе има уште два, три, пет, седум пратеници, но поминаа година и пол од парламентарни избори и со овој пораз не верувам зошто тоа е брод кој што тоне. Сигурни сме во Алтернатива 100 проценти, само од парламентарното мнозинство можат да побегнат. Кога бродот тоне, луѓето скокаат од таму и бегаат, вели Таравари.

На прашањето со кого Алијанса за Албанците би го зголемила мнозинството, Таравари рече дека има повеќе незадоволни пратеници од власт.

-Па има повеќе потенцијални кандидати, повеќе заинтересирани страни, повеќе незадоволни пратеници од партиите на власт, изјави тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This