Таравари: Познавајќи го Заев, кој менува 3-4 пати дневно изјави, не му веруваме во ништо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секретарот на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар Арбен Таравари во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека се додека не помине законот за државјанство, сите други ќе бидат блокирани.

„Добро е да има средба помеѓу Алијанса и СДСМ за Законот за државјанство. Без да помине тој закон, се друго ќе биде блокирано. За жал мораме така, се работи за елементарни права на луѓе, кои не можат да ги добијат затоа што немаат државјанство“, порача Таравари.

Тој вели дека од ДУИ кажале дека ќе го гласаат овој закон.

„Сега останува и СДСМ да каже дали ќе го гласа. Но тој тактизира, ќе видиме. Какви ќе бидат нивните акции, таква ќе биде и нашата реакција. Но познавајќи го Заев, кој менува 3-4 пати дневно изјави, не му веруваме во ништо. Единствено да даде силна гаранција дека ќе го гласа Законот, тогаш ќе се деблокира Собранието“, подвлече Таравари во „Click Plus“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This