Тасева: Платежната картичка на Владата има за цел придобивање на одредени граѓани да гласаат за одредени политички политики

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Слаѓана Тасева, универзитетски професор во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за платежните картички кои ги дава Владата за надминување на kpизата со пандемијата каде истакна дека сето тоа добива димензија на популизам односно придобивање на одредени граѓани да гласаат за одредени политички политики.

-Сето тоа во некоја рака добива димензија на популизам која во предизборни услови може да се смета дека може да биде и придобивање на гласачи или граѓани кои би гласале за одредени политики или политички опции. И тука линија помеѓу предизборен поткуп и реално поддршка на граѓаните, кога зборуваме како овие прашања се уредени во законите таа линија е многу тенка. Владата со уредба ги стави вонсила одредени членови од законот за спречување на корyпцијата значи одредба од законот за спречување на корупцијата конкретно од членот 34 со кој се забранува да се исплаќаат плати, пензии и други придонеси која што не е дел од редовните плати во време на изборна кампања, вели Тасева.

Таа додава дека сега таа одредба е ставена вонсила меѓутоа стапува во сила веднаш кога ќе престане вонредната состојба и мораме да бидеме внимателни, законите да се применуваат онака како што се напишани и како што треба за да се спречи било какво сомневање за предизборна корупција и на ова треба да внимава владата односно луќето кои што ги носат овие одлуки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This