April 26, 2024, 10:17 am

Тасевски со жестока peakција: Од утре сите HeBakцинирани да си ставиме на ракавот жолта лента со пречкртана вакциHа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актерот Сашо Tасевски на својот фејсбук профил ја коментираше состојбата со новите протоколи за вакцинирани и невакцинирани лица.

Од утре сите невакцинирани да си ставиме на ракавот жолта лента со пречкртана вакцина на неа.

Нема да ми биде срам така да шетам.

Ќе треба други да се срамат.

Втор предлог, да се поделат јавните простори и места како во САД минатиот век каде Кју Клукс Кланот беше најмоќен.

Клупа само за невакцинирани, автобус за невакцинирани, тоалет за невакцинирани, во продавница посебен влез за невакцинирани, во школо смена за невакцинирани деца од невакцинирани родители… Кретенон доктор, да не го именувам, им даде предлог на квислинзите да им забранат на децата влез во школо ако родителите не им се вакцинирани.

Не ми се верува дека не разбирате каков нацизам ви се наметнува. И дел молчите, а дел пропагирате целосна вакцинација. Ова мислам претежно на лекарите. Како бе не ви е срам, да премолчувате вакво нешто. Да премолчувате што вакцинирани по двапати пак се разболуваат од ковид, а притоа поддржувате медицински апартхејд. Фела конформистичка, продадена. Треба тоа некој гласно да ви го каже. Науката па науката! Која факинг наука, кога ваши светски познати колеги докажуваат дека вакцините против ковид се ѓубре. Ама вам овде ви е топ кога ќутите. Плата, бонуси и стипендии од Фајзер и СЗО за семинарчиња и студии.

И нацизмот во Германија започна од теориите на генетичарите и лекарите дека Евреите шират зарази зашто се нечиста нижа раса.

Ете историјата како се повторува.

Е па ете ви го јавниот простор, рестораните концертите… Дремете внатре и ликувајте што невакцинираните сте ги оградиле во трла и кафези.

Слободно пијте си го вашето кафе.

Ама кога ќе се покаже дека ќе продолжите да се заразувате меѓу себе, вакцинирани, толку ќе ви биде. Да видам тогаш кој ќе ви биде виновен за ковидот.

Додека трае апартхејдот мојата порака е БОЈКОТ.

Ако вакцинираните не се придружат, пуштете ги, нека ги окупираат јавните места, еден ден ѓаволот секако ќе дојде и по нив. Само тогаш ќе немаат кому да сее обратат за помош.

Зиг!

Хајл!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This