Актерот и поранешен директор на Драмски театар Скопје Сашо Тасевски реагира на вестите кои доаѓаат од Европска унија, револтиран дека ќе се преговара за македонскиот јазик.
ЕУ му се обрати на Скопје да го реши „спорот” за македонскиот јазик со фашистите. Не бараат од нив да го решат, од нас бараат.
Тоа со дипломатски речник значи, шиткање и на јазикот за влез во ЕУ. И откажување од нашето малцинство таму.
Не постои поглупав и поисплашен народ од нашиов.
Сега за јазикот ќе преговараат. А бе оправете се! Налет нека оди ЕУ со вакви уцени. Ова е понижување.
А денес во Загрепската декларација никаде и не пишува за проширувањето на ЕУ.
Тоа на наши вести нема да го чуеш, пишува Тасевски на Фејсбук.