ТАЧИ, ХАРАДИНАЈ, И ВЕСЕЉИ КАКО ПОПАРЕНИ ИЗЛЕТАА ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: По „пеглањето“ си заминаа со наведнати глави!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерите на Приштина, Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Кадри Весељи без коментар ја напуштија амбасадата на САД, каде што беа на средба со претставникот од Стејт Департмет, Дејвид Хелј.

Газета Експрес пишува дека на средбата присуствувале само тројцата лидери без други соработници, а домаќини биле Хејл и амбасадорот Филип Коснет.

После средбата, Тачи, Харадинај и Весељи не дале изјава туку заминале во еден ресторан.

Инаку Харадинај е против укинувањето на данокот на производи увезени од Србија и БиХ, додека пак Тачи и Весељи се за укинување на мерката за да можат да се продолжат преговорите со Белград.

Посетата на Хејл во приштина е втора посета на високи претставници од Стејт департмент оваа недела.

Приштина оваа недела исто така ја посетија и двајцата претставници на Советот за национална безбедност задолжени за Европа, Џон Ерат и Бред Бредли.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This