ТЕЛЕКОМ И ВОДОВОД СЕ СПРЕМААТ ЗА ПРОДАЖБА: Се спрема нов бонбона бизнис – се спрема продажба на преостанатиот дел на Телеком и Водовод!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДСМ планира да го продаде преостанатиот удел на државата во Македонски телеком – пишува порталот Журнал.нет

Според наши извори со овој потег треба да се постигнат две цели, прво да се покрие економскиот хаос кој СДСМ го создаде во изминатиот период, а второ доколку може да се договори неколку милиони евра кои би завршиле во партиската каса, т.н. Црквата – пишува Журнал.нет

Втората работа е планирана да се изведе според истиот шаблон како во 2006 година кога се продаваше ЕСМ и да се спакува како нов „бомбона бизнис“. Јавноста тогаш споменуваше дека тројца највлијателни политичари во Владата на СДСМ инкасирале близу 9 милиони евра за лични и партиски цели.

Како потсетување, според информацијата дадена од страна на Богоевски за Американската комисија за хартии од вредност (СЕЦ), пред повеќе од две и пол години, самиот потврдил дека бил вклучен како посредник во корумпирањето и притоа ги обезбедил клучните документи и мејлови, поради што СЕЦ “ја сфаќа вознемиреноста” кај обвинетите од неговото сведочење. Од документот може да се види дека Богоевски барал и добил привремен статус на заштитен сведок, бидејќи не сакал да се знае неговото учество во ова својство во процесот во Македонија.

Според неговите тврдења, првиот состанок на двете страни се одржал во декември 2004 година, веќе во јануари 2005 година, како што стои, “Грците” им нуделе мито на македонските функционери, а работата кулминирала во мај истата година кога меѓу “македонската страна”, која била цел на поткупот – СДСМ во пакет со оваа продажба на државен имот размислува да го отуѓи и Скопски Водовод според планот кој веќе беше изготвен од владата на СДСМ предводена од Владо Бучковски. Намерата е ваквата продажба и подготовките да отпочнат веднаш после локалните избори доколку СДСМ добие свој градоначалник на Скопје.

Парите за поткупот биле пренесувани со возила на тогашни високи функционери на Владата, како би се спречило стопирањето и побезбедно пристигнување на „пратката“.

Според нашите сознанија, доколку Петре Шилегов стане градоначалник на Скопје, планот на СДСМ е во пакет со продажбата на преостанатиот дел на Македонски Телеком, да биде отуѓен и Скопски Водовод, според планот кој веќе беше изготвен од владата на СДСМ предводена од Владо Бучковски. Намерата е ваквата продажба и подготовките да отпочнат веднаш после локалните избори само доколку Шилегов стане градоначалник на Скопје.

 

Извор
Журнал.нет

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This