April 27, 2024, 11:10 pm

Тендерската документација открива кој бил одговорен за бeзбедноста на тетовската модуларна болница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заштитата од пожар во тетовскиот ковид центар била обврска на директорот на болницата. Ова го открива заедничкиот документ на Министерствата за труд, здравство и Светската банка во кој детално се опишуват фазите на изградба, одржување и контрола на монтажниот објект, пренесува Сител.

Според информациите наведени во документот, модуларната болница требало да поседува план за заштита од пожар, а тој требало да го спроведат директорот и одговорно лице во болницата.

Дали постоел ваков план и што тој предвидувал, денеска не одговори директорот на Клиничката болница, Флорин Бесими.. Ниту одговараше на телефонските повици, ниту на испратените пораки.

Според документот, Бесими имал улога на изведувач на објектот, а негова должност бил и инспекцискиот надзор. Спроведувањето на планот за работа го следеле и двајца вработени во Министерството за труд и социјала.. Тие за Сител не сакаа да говорат за својата работа на проектот, бидејќи, како што велат, Обвинителството водело истрага за случајот.

Директна надлежност за модуларниот објект имала и општината. Локалната власт во Тетово, според документот, била вклучена во контрола на изградбата на објектот, неговата функционалност и примената на заштитни механизми за што требало да има свој супервизор, а обврска да го надгледува процесот имал и градежниот инспектор.

Ден по трагедијата, градоначалникот Арифи во изјава за медиумите рече дека општината немала речиси никакви надлежности за поставување на објектот.

Очекувањето на владата е дека до крајот на неделава ќе има резултат од истрагата за пожарот што ја води обвинителството. До крајот на месецов се очекува да пристигне извештајот и на германските експерти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This