ТЕПАЛ ПОЛИЦАЈЦИ, ТЕПА НАРОД, ТЕПА УЧЕНИЦИ И КАКО НАГРАДА СЕ ВРАБОТИ ВО МВР: Со што Здравко Коцев заслужи да биде вработен во шеста управа?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здравко Коцев, човекот кој пред неколку дена во центарот на Штип во среде бел ден тепаше свој сограѓанин бидејќи имале различни политички гледишта, е вработен во шестта управа на МВР, но и како советник на Оливер Спасовски

 

На минатите локални избори, Коцев беше и кандидат за градоначалник на градот, а во меѓувреме и активен учесник во „платеничката револуција“ и насилните протести на СДС. Тој исто така е познат и по нападот на мнозина полицајци, кривични дела поради кои до ден денес е на обвинителна клупа.

Коцев, беше и човекот кој се обиде да го нападне градоначалникот на Штип, кршејќи ги вратите на општината во текот на 2014 година, кога заедно со група сопартијци се обидоа да направат упад во општината, наводно револтирани што локалната администрација не работела во недела.

Коцев, штипјани го поврзуваат и со минатогодишните изборни измами, кога беа уапсени две момчиња кои признаа дека добивале пари од функционери на СДС за да ги дадат нивните лични карти на партијата, со што би гарантирале дека нема да гласаат.

Оттука се поставува и прашањето, со што Здравко Коцев, локален шериф и насилник заслужи такво работно место во МВР?

Поради стручноста сигурно не е, бидејќи претходната работна позиција му е учител во „Ванчо Прке“ во Штип, каде што родителите редовно се жалеа на неговиот однос кон учениците, кои ги тепал ако биле непослушни.

Единственото оправдување за вработувањето на ваква личност во МВР се партиските заслуги кон СДС и неговиот шеф Оливер Спасовски, кој најверојатно го згрижил поради неговата старост.

Штипјани пак, се исплашени за нивната иднина, велејќи дека доколку СДС успее да изрежира победа во нивниот град, тие ќе живеат во терор, каде што локални шерифи го тепаат локалното население.

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This