Тeпачите на професорот Илија Чашуле сѐ уште се на cлобода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Случајот во кој беше претепан Илија Чашуле, професорот и академик кој се бореше против промената на името на државата, но и на МАНУ сѐ уше не е расветлен, тепачите се на слобода, откако минатата недела тој објави на Фејсбук дека бил следен од тројца мажи кои му го попречувале патот кога се враќал од Прилеп, а кога стасал во Скопје на неколку метри пред својот дом бил брутално претепан.

Професорот вели дека случајот сакал да го пријави и во полициската станица Беко, но од таму бил избркан:

Ме измаршираа иако ги видоа повредите. Комплетна и планирана акција против мене. Грубо и со викање ме избркаа од полициската станица иако им кажав што се случило, објави тој разочаран и од постапката на полицијата.

Академик Чашуле отворено застана против промената на името на МАНУ. Тој најави и повлекување од Македонската Академија на науките и уметностите, ако според договорот со Грција биде преименувана во Академија на Македонија, прашање кое е актуелно токму деновиве кога се случи овој тежок инцидент. Побарано е одговор од МВР дали се откриени насилниците, но и објаснување за наводите на академикот дека бил избркан од полициската станица:

Министертвото за внатрешни работи, Ве известува дека во однос на посоченото лице, истото ќе биде повикано во полициска станица Центар со цел расчистување на случајот. Доколку лицето смета дека имало несоодветно постапување кон него од страна на полициски службеници, треба да го извести одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министервото за внатрешни работи – велат од МВР за Плусинфо.

Академик Чашуле веќе подолго време пишува на Фејсбук и дека членови на МАНУ се стекнале со научни титули преку плагијати. Тој минатата недела ги шокираше своите пријатели и јавноста, откако објави дека бил следен, а потоа и претепан во Скопје, а за тоа приложи и фотографии.

Некаде кај клучката за Синѓелиќ (Ченто) се појавија пак силеџиите и почнаа да ме гонат по Скопје. Се обидов да им избегам, ама кај Влада, баш на Димитрие Туцовиќ, кај што сум растел, почнаа да ми го попречуваат патот и излегоа првпат од кола да ме блокираат, но јас ги одминав. Продолжив по Илинденска и тие пак запреа и излегоа двајца, пак со цел да ме блокираат, да ме запрат и да ме нападнат. Ме фати семафорот кај парк кој трае долго. Силеџиите беа три коли зад мене и излегоа тројцата и дојдоа до мојата кола, среде улица и почнаа да пцујат и ми ја отворија вратата и почнаа да ме удираат додека јас се уште седев. Тројца млади јаки мажи тепаат 64 годишен човек, напиша Чашуле.

Професорот, потоа раскажа за повредите што му биле предизвикани додека бил во автомобилот на Илинденска.

Јас се бранев и им вратив, но тие ме повредија вака: Очилата ми ги набија под левото око и бидејќи се метални се забодија едно пола сантим во кожата и почна да грга крв. Ме удрија и по носот, кој исто почна да крвари, и ме удрија на милиметри под окото, кое потече и исто така крвареше. Ми удри еден од нив бокс во ребрата и ми го повреди најдолното лево ребро. По кратко време, кога видоа дека им враќам, тргнаа кон својата кола пцуејќи ми мајка… Значи имаше многу коли, многу сведоци, но никој не им го попречи патот, никој десетина минути иако очигледно крварев, НИКОЈ не запре да ми помогне. Отидов на тротоарот и една жена ми пристапи која виде сѐ и која се згрози. Меѓутоа и таа се исплаши и си замина. Континуирано крваврев 15 минути и почна малку да ми се врти во глава. Едно момче, исто сведок ми понуди помош и ме испрати до дома. Си помислив дека можат да ме дотепаат дома и и други несреќи да ми прават. Се прибрав дома, со раскрвавена кошула и панталони, во болка и ми требаше 15 минути да го сопрам крварењето, особено тешко зараснуваше местото каде ми ги набија металните очила кои се сосема искривени а ги фрлија на улица (јас ги прибрав), опишува професорот.

Илија Чашуле е избран за член на Македонската академија на науките и уметностите, надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука во 2012 година.

Извор: Плусинфо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This