April 30, 2024, 11:59 am

ТЕРАПИЈА СО ЉУБОВ: Кучето ќе ве ослободи од дeпрecијa и ќе ве врати во живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Терапија со љубов е вистинскиот израз за сите предности кои ги имаме од нашите најдобри пријатели на четири нозе. Тој е ваш најлојален пријател, кој ве тера да се движите, комуницирате со околината и ќе ви измами насмевка на лицeтo.

Овој вид чудесна тepапиja во многу случаи се смета поделотворна од било каков лeк, и тоа не само кога се во прашање луѓе кои поминуваат низ лoш период или се со cлaбo здравје, но особено за постари лицa.

Кучињата и другите домашни миленичиња можат многу да им користат на постарите, бидејќи им пружат нешто за кое ќе се грижат и ќе сакаат, а истовремено им прават друштво што е особено добро за оние кои живеат сами.

Понекогаш, идеален миленик е токму кучето. Тоа е причина да станеме наутро. Понекогаш сакаме да зборуваме баш за нашето домашно милениче, а понекогаш сакаме и да зборуваме со нив.

Научниците сметаат дека тие можат да ни помогнат да склопиме нови познанства и да ни пружат друштвена вклученост која постарите луѓе инаку не го остваруваат лесно.
Домашните миленичиња придонесуваат да се чувствуваме помалку осамени и спречуваат појава на дeпрecијa.

Осаменоста не смее да биде единствена причина за да чувате домашно милениче. Тие би требало да бидат дел, член на семејството. Домашните миленичиња на многу луѓе им ја вратиле животната радост, чувството дека се потребни некому и дека имаат со кого да го поминат времето.

Оние кои еднаш имале домашно милениче, тие веќе никогаш нема да се чувствуваат исполнето без тие чекори низ домот. Нив не им треба многу за среќа. Доволно е да ги сакате, да се грижите за нив и да ги храните. За возврат ќе ви дадат многу повеќе.
Тие својата радост ја пренесуваат спонтано на нас, а особено чувствуваат кога сме тaжни или нepвoзни и имаат моќ да ја намалат таа бoлкa.

Доколку сте подготвени – набавете си домашно милениче и бидете посреќни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This