ТЕРЕЗА МЕЈ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ПОВТОРНО ВО БРИСЕЛ: Британската премиерка на средба со европските лидери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британската премиерка, Тереза Меј, следната недела во Брисeл ќе има разговори со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, информираат од нејзиниот кабинет.

Како што соопштува агенцијата „Ројтерс“, овој потег доаѓа по нејзиниот симболичен пораз во британскиот парламент, кој се проценува како сериозно ослабување на позициите на Меј во преговорите со Европската унија.

Во соопштението од кабинетот на британската премиерка се додава и дека таа планира во наредните денови да разговара со лидерите на сите земји-членки на ЕУ.

„Ројтерс“ потсетува дека поразот на Тереза Мај на симболичното гласање во парламентот во четвртокот го доведува во прашање исполнувањето на нејзиното ветување до водачите на ЕУ, дека договорот за границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска со одредени отстапки ќе мине во Долниот дом.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This