ТЕРОРИСТИ НА ИСИС ВО БЛИЗИНА НА МАКЕДОНИЈА: Албанија ќе гради центар за координација на повратиници од ИСИС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албански медиуми објавија дека во земјата ќе се гради центар за повратници од Исламска држава од балкански држави, повикувајќи се на информација која според нив, ја соопштил бугарскиот премиер Бојко Борисов на конференција посветена на насилниот ектремизам, одржана во Тирана.

„Во Албанија ќе се изгради центар за координација на повратници од ИД од балканските земји. За тоа предложив секоја држава да испрати по еден офицер за врски, за заедничката борба да биде поорганизирана“- изјавил Борисов по средба со премиерот Рама, објави порталот Албеу.

Тој вели дека тоа нема да биде единствен центар во Албанија со „фокус на тероризмот“.

Во мај 2017 година министерката за одбрана Олта Џачка изјави дека ќе се отвори Центар чија цел е проучување на феноменот на странските борци.

Идејата за отворање таков центар била од поодамна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This