ТЕУТА СЕ ЛАДИ ВО ГРЦИЈА, ТЕТОВЧАНИ БЕЗ ВОДА: Не е за народот, животот е за функционерите на ДУИ и СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека тетовчани се гушат во смог и канцерогени материи во воздухот, без вода, во градот кој беше прогласен за најзагаден во Европа, Теута Арифи се лади на плажите во Грција

Деновиве, тетовската градоначалничка Арифи е забележана на луксузните плажи во соседна Грција, поточно во местото викано Каламитси. Како што може да се забележи на фотографиите се работи за луксузна локација на Халкидики, поточно Ситонија.

Каламитси е едно од најлуксузните летувалишта во Грција, а плажата е прогласена за најдобра во земјата според светските реномирани тур оператори. Сместување во ова место чини од 70 евра по лице па нагоре. Имајќи во предвид дека се работи за градоначалник, претпоставката е дека истата е сместена во некој од полуксузните сместувачки капацитети каде што преноќување чини од 120 евра па нагоре.

Во меѓувреме, Тетово се соочува со рестрикции на вода. Тоталната неспособност на тевоската градоначалничка Теута Арифи и Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев донесе рестрикции за вода во Тетово. Град што лежи на вода, со извори, реки и планини се соочува со рестрикција на вода.

Покрај толку многу вода, Тетово останува жедно, а воздухот е загаден со канцерогени материи поради постојаните пожари во Тетовската депонија.

Според Јавното комунално претпријатие, оваа одлука е донесена со цел подеднакво снабдување со вода за пиење на сите граѓани во сите населби на градот, а рестрикцијата ќе трае од 00:30 до 3 часот.

Главна причина за рестрикцијата бил „слабиот прилив на водата за пиење во градските резервоари и нерационално користење на водата од страна на граѓани“.

Градот Тетово со години се соочува со проблемот на отпадоците, додека пак на влезот во градот направена е дива депонија која од ден на ден се повеќе се шири со ѓубре и мртви животни кои исто така, се фрлаат од несовесните граѓани.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This