Тешко повpeдени двајца работници, еден од нив xоспитализиран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жител на Свети Николе вчера се здобил со тешка телесна повреда додека извршувал работни задачи во фабрика, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 01:45 часот во фабрика во Свети Николе, додека извршувал работни задачи, П.К.(29) се здобил со тешка телесна повреда. За случајот се запознаени Трудов инспектор и Јавен обвинител, посочуваат од МВР.
Во дневниот Билтен на МВР се наведува и дека вчера во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во клинички центар „Аџибадем Систина“ со тешки телесни повреди бил донесен В.П.(50) од Велес.
Од МВР потенцираат дека, според пријавеното, околу 16:00 часот тој се повредил додека извршувал работни задачи на објект во градба во трговски центар на подрачјето на Гази Баба. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This