April 28, 2024, 12:11 am

ТЕШKИОТ ЖИВОТ НА ЛЕЈДИ ГАГА: „Бев гладна и смpдлива, но среќна“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога ќе се тргнат на страна шпекулации за врската со Бредли Купер, последната година од животот на Лејди Гага е сон на секој уметник. Нејзината кариера припаѓа меѓу една од најголемите во поп културата, а таа е сопственичка на Оскар, Греми, Златен глобус и други модни награди која засекогаш ја вброија меѓу ѕвездите.

Оваа година е првата жена која за Оскар е номинирана во категорија за најдобра актерка и најдобра песна. Оскарот го доби за најдобра песна, а во емотивниот говор порача дека не треба да се чудите на победата и дека не треба никогаш да се откажете од сонот. Лејди Гага клавир почнала да свири на четири години, а нејзиниот учител веднаш забележал дека се работи за талент.

Не сакав да се дружам со останатите деца. Моите родители поради тоа сметаа дека со мене нешто не е во ред, рече во една прилика.

Својата прва песна ја компонира на само 11 години, а по завршувањето на средното училиште се запишува на музичка академија. Таму и било досадно, па одлучила да се откаже од факултетот и да стане ѕвезда.

Татко ми плаќаше една година за да престојувам во еден влажен и лош стан. Ми кажа дека ако не успеам, ќе се вратам на факултет. Се пpеплашив. Тие месеци свирев по клубови. Заработував многу малку и постојано бев гладна. Често немав за сметки, па ми ја исклучуваа водата. Чувствував дека смpдам, но бев среќна, вели во една прилика.

Во тој период ја запознава Луца Карл, кој работи како келнер во еден локал.

Се заљубив во него , бидејќи беше гpд како и мене“

За време на таа врска нејзиниот сон за кариера почнува да се остварува. Го запознава продуцентот Роберт Фусари кој е воодушевен од нејзиниот талент. Песната „Boys, boys,boys“ во 2008 година станува нејзин хит, а во наредните 11 години Лејди Гага стана планетарно позната музичка икона.

Никогаш не криела дека е биcеkcуалка и дека во животот пробала се. Сепак, вели дека денес не сака да пие и да се дpогира и дека нема потреба да ги уб ива мозочните клетки. Нејзината последна врска беше со Кристијан Карин, но таа романса наводно е прекината, што уште повеќе ги подгреа гласините дека меѓу неа и Бредли Купер се создала љубовна хемија од снимањето на филмот „A star is born“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This