Титo Пeткoвcки ce нaлyти, Гepманија е kpивa за бугapcкото вeтo, на зелена маса им го дадоа тоа што го зaгyбија за време на Bтopaта Cвeтcкa Bojна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска за внатрешно- политички потреби реагираше бугарскиот претседател Румен Радев кој ја критикуваше Владата на Бојко Борисов дека не успеала да ја претстави позицијата на Бугарија за Македонија пред западните партнери.

Но незадоволството е се поприсутно и во Македонија. Деновиве експлицитно искажан револт од односот на европската заедница кон Македонија во спорот со БугаријаДеновиве доаѓа и од страна на лидерот на НСДП Тито Петковски, инаку коалициски партнер на Власта.

Тој за Слободен печат го потврдува ставот искажан и со својот фејс бук статус и вели дека не е толку многу изненаден од состојбата на духот во бугарското општество, колку од односот на земјите-членки кон Македонија и кон процесот на проширувањето на ЕУ, а осбено од ставот на Германија.

„Со вметнувањето на зборовите “фалсификувана историја” во преговарачката рамка, Германија направи диверзија на преговарачкиот процес на Македонија со ЕУ и нашето членство во ЕУ го направи невозможна мисија. Тој потег на Германија го разбрав како обид на мала врата и на зелена маса да и го обезбеди она што Бугарија го изгуби во Втората светска војна.“ смета Тито Петковски.

И во разговор за Слободен печат Петковски потврдува дека Македонските шанси за преговори со ЕУ останаа во игра, благодарејќи на силното противење на Чешка и на Словачка.

Инаку повторувањето на синтагмата за постигнување компромис меѓу Македонија и Бугарија од страна на претставниците на ЕУ не ништо друго туку инсисирање на компромис на штета на Македонија, смета лидерот на НСДП.

ЕУ дефинитивно не е способна да го реши бугарско-македонскиот спор согласно меѓународното право, поради што, смета Петковски Македонија треба да почне да размислува за помош од ООН и за осуда на Бугарија за отвореното мешање во внатрешните работи на една суверена и самостојна држава.

Извор: Слободен Печат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This