ТЛОТО НЕ ПРЕСТАНУВА ДА СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Охрид и во Битола попладне во 15:01 часот е регистриран земјотрес со интензитет од четири, односно три степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатиот дел од државата од два степена.

Епицентарот на земјотресот со Рихтерова магнитуда од 4,7 се наоѓа 180 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија и потекнува од епицентралното подрачје Корча.

Земјотресот го регистрираше телеметриската сеизмолошка мрежа на државава со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Инаку вчера земјотрес со јачина од 3.9 степени според Рихтеровата скала околу 14,35 часот ја стресе соседна Албанија.

Според податоците од Мерните станици на Европската сеизмичка организација, земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Потресот бил почувствуван и во Охрид, Ресен, Битола и Струга.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This