ТОА ШТО ВЧЕРА СЕ СЛУЧИ НЕ ЗНАЧИ И КОАЛИЦИЈА СО СДСМ: Донесен е позитивен заклучок само по едно прашање, остануваат уште многу делови од платформата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во однос на употребата на албанскиот јазик, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, рече дека совршени решенија нема, но оти ДУИ смета дека она што е договорено е оптимално решение кое, како што кажа, го затвора единственото нерешено прашање од Охридскиот рамковниот договор
bdi-bujar-osmani

Затворањето на прашањето за употребата на албанскиот јазик не значи по автоматизам поддршка за формирање влада, туку само надминување на една важна препрека од процесот, изјави денеска портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, чија партија синоќа одлучуваше во врска со ова прашање и за формирање нова влада со СДСМ.

– Значи, точно е дека вчера надминавме една важна препрека. Меѓутоа, остануваат и други прашања што треба да се усогласат доколку се решиме на заедничко владеење во наредниот период. Треба да се усогласат платформи помеѓу партиите за целиот мандат, така што има прашања како кои партии ќе бидат во коалиција, има прашања што треба да се разговараат. Понатаму ќе продолжиме да ги разгледуваме и другите прашања – рече Османи.

ДУИ, според него, не дава мандат никому, туку разговара за да се постигне договор за меѓусебна поддршка за заедничко владеење со која било политичка партија.

– Со СДСМ во овој период имавме работни разговори каде што се разговараше за сите прашања. Главен столб на тие разговори беше усогласување по текстот на законот за употреба на јазиците. Досега работните групи работеа по текстот што го подготви ДУИ во соработка со другите албански партии. Вчера претседателството го усвои текстот на тој закон што ние го предложивме до СДСМ како текст за заедничко усогласување со цел усвојување во Собранието – рече Османи нагласувајќи дека тоа е само една важна точка и оти утре почнуваат разговори за други делови од платформата.

bujar

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што кажа, има статутарно право, но и согласност од претседателството на партијата во делот на давањето поддршка за мандатите, доколку тоа го процени имајќи предвид одредени околности како што се локалните избори и друго.

– Кога тоа би го проценил, може тоа да го направи без да го свика претседателството. Меѓутоа, ќе го оставиме тоа на проценка дали може или не може да се прави пред конечен договор за заедничко владеење – рече Османи.

Во однос на употребата на албанскиот јазик, портпаролот на партијата рече дека совршени решенија нема, но оти ДУИ смета дека она што е договорено е оптимално решение кое, како што кажа, го затвора единственото нерешено прашање од Охридскиот рамковниот договор во делот на донесувањето закони.

– Во делот на донесување закони согласно Охридскиот рамковниот договор овој закон беше оставен како незавршено прашање, така што сметаме дека донесувањето ќе биде историски момент, затоа што се чекало 15 години и ќе значи затворање на една важна тема која значително ќе ги релаксира меѓуетничките односи и ќе отстрани едно големо бреме од меѓуетничките односи и ќе ни дозволи полесен прогрес на државата – смета Османи.

Во однос на двојазичноста на банкнотите, вели дека ДУИ не се откажала од таа идеја и оти за тоа во овој процес консултирани се голем број експерти да не се излегува надвор од рамките на Уставот. За промена на знамето и на химната, вели дека тоа се прашања кои бараат промена на Уставот.

– Тие прашања ги надминуваат односите помеѓу две политички партии, кои и да се тие, дали ДУИ и ВМРО, дали ДУИ и СДСМ, двотретинско мнозинство, значи вклучување на сите партии и оттука тоа веќе значи дијалог помеѓу заедниците. Тој процес ќе продолжи – рече Османи.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This