ТОДОРОВИЌ ВРАТИЛ 433 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА МОСТОТ „ОКО“, АМА НЕ КУРТУЛИ ОД КРИВИЧНА ОД ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Финанската полиција поднесе кривична пријава до Јавното обвинителството против поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, секретарот на општината и уште едно лице за несовесно работење, бидејќи ја оштетиле општината со 433 илјади евра при изградбата на пешачкиот мост на Вардар „Око“.

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми рече дека сумата осомничениот градоначалник и останатите двајца ја минатиот месец во целост ја вратиле и тие пари веќе легнале на сметката на општина Центар.

„Тие рекоа да, точно е дека е нанесена штета, го признаа делото. Но, тоа не значи амнестија од кривично дело“, рече Муареми.

Изведувачот Конструктор инженеринг АД Сплит зел аванс од Тодоровиќ во висина од 433 илјади евра (20% од висината на вкупниот договор за изградбата на мостот), но не ја довршил работата, со што ѝ останал должен на општината. Тодоровиќ не можел да преземе ништо, бидејќи од инвеститорот што им избегал со незавршена работа, претходно тој и двајцата други пријавени, не обезбедиле валидна банкарска гаранција, со што го направиле кривичното дело „несовесно работење во службата“.

Рокот за градежните работи истекол, а тројцата пријавени, според Финансиската полиција, не направиле ништо за да го заштитат буџетот на општината. Тие воопшто не побарале продолжување на важноста на банкарските гаранции, како за враќање на дадениот аванс, така и за навремено и квалитетно извршување на градежните работи.

Поради неисполнување на обврските од договорот, Тодоровиќ само го раскинал договорот со овој инвеститор и за довршување на работите, во 2012 година распишал тендер и склучил договор со нов добавувач.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This