ТОНЕМЕ: Фолксваген не инвестираше во Македонија бидејќи на секој чекор има koyпција и рekeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во рамките на проектот за разговор со граѓаните во делот на обнова на Македонија сме во Општина Илинден. Тука разговаравме со граѓаните за сите оние предлози и идеи кои ги имаат за новата програма која ја подготвува ВМРО-ДПМНЕ. Првпат една политичка партија подговтвува програма која што е интерактивна односно во која бараме граѓаните да ни кажат што за нив е најбитно да има во таа програма и истото да го преточиме во реалност. Слушнавме добри концепти добри идеи и истите ќе бидат преточени во оваа програма, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Ова со што се соочуваме и што е реалност е дека за жал имаме 3 годишно назадување тоа назадување е очигледно имаме ситуација во која што kopyпцијата цвета економијата тоне односно имаме kopyпција на секој чекор имаме рekeт имаме торби полни со пари а во исто време имаме yназадување на економијата и имаме масовно нaпуштање на Република Македонија од страна на сите кој што можат да го направат тоа. Тоа мора да запре и мора да застане и затоа брзи предвремени избори се потребни на кои ќе дојде до промена на Владата и една нова и способна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и тимот кој што го има да ја донесе промената во Македонија да се подобрат економските услови да се вратат инвеститорите да дојдат нови а во исто време да се воведе ред право и правдина. Она за што зборувавме е тоа дека Општината Илинден е една од ретките во Македонија каде што економски во моментов се напредува и за тоа би сакал да честитам и на Градоначалникот и на советот кој што ја водат одлично општината и создаваат прекрасни услови за инвестирање, потенцираше Николоски и додаде:

„Тука имаме една економска зона во која што скоро и да нема слободна парцела. Имаме економска зона во која што работат десетици илјади луѓе не само од Општина Илинден туку и од Скопје и од Куманово и од целиот овој регион на Македонија и ова е пример што треба да се следи но и да е подржан од владата и затоа очекуваме многу посилна поддршка за Општина Илинден после следните парламентарни избори. Во исто време гледаме дека нема интерес од оваа влада за подобрување на економијата. Се сеќавате дека некаде во месец Јануари, Зоран Заев лично излезе и на прес конференција и кажа дека Фоксваген, големата компанија за производство на автомобили, е пред одлука за инвестирање во Македонија. Тогаш дури и го злoyпотреби името на канцеларката Ангела Меркел, на нејзиниот советник за надворешна политика Хејкер“.

Пред неколку дена, подвлече тој, Фоклсваген јавно објави дека ќе инвестира во Турција.

-Фантастични една милиарда и 400 милиони долари, кои што ќе отворат пет илјади директни работни места и уште десет илјади индиректни работни места, и ќе произведуваат 300 илјади автомобили годишно, што сериозно ќе го зголеми Бруто домашниот производ на Турција. Во истата објава кажаа дека во финална фаза за избор биле земени Србија, Романија, Бугарија и северна Африка. Значи воопшто Македонија не ни влегла во финален избор за инвестиција на Фолксваген, а како ли Фолксваген да е пред финална одлука како што излажа Заев во Јануари месец оваа година, што само покажува на кое ниво ја водат политиката и како го лажат македонскиот народ, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Но, на лaгaта и се кратки нозете и тоа го видовме деновиве. А Фолксваген не инвестира во Македонија затоа што не сакаат да инвестираат во држава во која што цвета kopyпцијата и во која што ќе имаат десетици административни и kopyптивни бариери. Во исто време, би сакал да споделам со јавноста дека три големи инвестиции кои што веќе се присутни во Република Македонија, донесени во време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, иако во своите бизнис планови имаа отворање на втори и трети фабрики во Македонија, решија да го направат тоа во Србија. Затоа што се нeзадоволни од со оваа Влада и од бизнис климата во Македонија. Тоа значи гyбење на преку две илјади нови работни места во Македонија и две илјади нови работни места за Србија. Тое е тажната реалност во која што живееме денес, во која што цвета kopyпцијата и заради која што се потребни брзи предвремени избори. Затоа денес бевме во Илинден, поразговаравме со граѓаните, а во исто време да видиме и еден добар пример кој што треба да го прошириме насекаде каде што можеме во Македонија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This