Топол африkaнски бpaн се движи кон државава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И во текот на следните денови, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, ветерот за време на викендот и на почетокот од следната недела ќе засилува.

Максималните дневни температури, особено за време на викендот и на самиот почеток од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, во најтоплите предели, истите има услови да се искачат и до околу 38, 39 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме стабилно, суво, сончево и топло време со максимални температури кој за време на викендот и на почетокот од следната недела ќе се искачат до околу 35 степени.

Освежување на времето и позначителен пад на температурите барем одсега гледано се очекува од вторник.

Фокус мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This