ТРАГЕДИЈА ВО СКУДРИЊЕ: Се задушија две сестри од чад додека спиеле, едната почина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информациите на полицијата, двете сестри спиеле во помошна просторија на семејната куќа, која се затоплувала со печка на дрва. На родителите им станало сомнително што девојките не се разбудени и влегле во просторијата, но тие биле во бессознание

полиција илустрација (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)

Дваесет и едногодишна девојка починала, а нејзината постара сестра (22) се лекува на скопските клиники откако се затруле со јаглероден моноксид во просторијата во која спиеле во долнореканското село Скудриње.

Случајот бил пријавен вчера. Според информациите на полицијата, двете сестри спиеле во помошна просторија на семејната куќа, која се затоплувала со печка на дрва. На родителите им станало сомнително што девојките не се разбудени и влегле во просторијата, но тие биле во бессознание.

На девојките им била дадена помош во здравствениот дом во Ростуше, а оттука биле препратени за Гостивар, но по патот помладата сестра Е.М. починала. За животот на постарата сестра Р.М. лекарите успеале да се изборат.

Како дошло до труењето и кои се причините за трагичниот настан, ќе се утврдува со истрага која ја води јавен обвинител од гостиварското обвинителство. Од сè уште непознати причини дошло до труење со отровен гас, најверојатно јаглероден моноксид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This