ТРАЈАНОВСКИ МУ ЈА РАСИПА НА ШИЛЕГОВ ПРОМОЦИЈАТА НА КРУЖНИОТ ТЕК ВО ЧАИР: Петре гради еден кружен тек по цена на четири

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како чаирчанец ќе ја поздравам изградбата на новиот кружен тек кај поликлиниката Чаир, како советник во Град Скопе ќе направам една паралела.

Кружниот тек кој го направи градоначалникот Шилегов во Чаир е со надворешен радиус од 11,5 метри, со асфалтна површина од околу 3.800 квадратни метри, изведени се и водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација, како и поставување на ЛЕД-осветлување со 24 нови канделабри со висина од 7 метри, а скопјани ги чини 20 милиони денари.

Кружниот тек кој беше направен кај Порта Влае кој ги спојува општина Карпош и Ѓорче Петров е со дијаметар од 41 метар,односно коловоз со ширина од 9 метри, заштитна патека од 1,5 метри и средишно зеленило. Кружниот тек се состои од две сообраќајни ленти. По кружниот тек, гледано во насока кон Ѓорче Петров, булеварот Партизански одреди е проширен до влезот во автобазата на ЈСП. Како дел од градежните работи за проширување на булеварот Партизански одреди и изградба на кружен тек извршена е реконструкција на 100 метри од улицата Ѓорче Петров и на 162 метри од улицата Ацо Шопов, на деловите што влегуваат во кружниот тек. На дел од улицата Ацо Шопов, каде што се вкрстува со булеварот Партизански одреди е изграден потпорен ѕид со должина од 58 метри и висина од 6,3 метри.
НАЈГОЛЕМИОТ КРУЖЕН ТЕК ВО МАКЕДОНИЈА чинеше 50 милиони денари.

Значи кружно текче со дијаметар од 11,5м за 20 милиони, а најголемиот кружен тек во Македонија со дијаметар од 41 метар за 50 милиони денари.

П.С. Проектот е воден и надзорот се вршени од Маврово, прописно се држи дистанца.

Како чаирчанец ќе ја поздравам изградбата на новиот кружен тек кај поликлиниката Чаир, како советник во Град Скопjе ќе…

Posted by Александар Трајановски on Monday, June 8, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This