Трајановски: Проектот за автобуски трамвај на Шилегов е прескап и практично невозможен за реализација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Трајановски, советник во Град Скопје од редовите на ГРОМ, во своето гостување во „Филибастер“ на радио Лидер зборуваше за долгонајавуваниот проект на град Скопје за изградба на метро, проект кој потоа се преиначи во изградба на транвај, за на крајот да биде проект за автобуски транвај.

„Тоа е една карма која буквално му се врати во лицето на Петре Шилегов, затоа што тој истото тоа го користеше за исмевање на неговиот претходник. На крајот сепак испадна Bus rapid sistem, значи станува збор за автобуси и ништо повеќе.

Трајановски објасни дека тој проект ќе ги чини граѓаните на целата земја, не само на град Скопје, околу 70 милиони евра, додавајќи дека освен финансискиот аспект, вистински подвиг е да се реши сообраќајниот метеж, посебно на булеварот „Цветан Димов“, кој, како што изјави тој, Петре Шилегов нема капацитет да го направи. Трајановски потсети на бетонските блокови кои се поставени на тој булевар и изгледаат како Чаир да е во Појасот Газа. Според него тој проект ќе чини и повеќе од 70 милиони евра, и дека при неговата реализација ќе се појават неколку проблеми.

„Трасата од ново Лисиче до Ѓорче треба да започне од депото коешто е планирано да се гради во Ново Лисиче, кое патем се наоѓа во срцето на новиот парк којшто е изграден но Ново Лисиче. Тоа значи уништување на голем дел од зеленилот на тој парк. Потоа тргнува попреку, кон Партизанска, каде што, според проекциите кои беа презентирани на јавноста, тој автобус ќе поминува на седината на булеварот на Партизански одреди каде што има зелена површина којашто најверојатно ќе биде уништена. Доколку се симнете под асвалтот, тука се главните водоводни и инфраструктирни артерии на град Скопје, топловодната, водоводната инсталација, телефонски жици… Сето тоа би требало да биде префрлено на друго место за да тука може да поминува тој автобус. Втората работа која што е многу дискутабила е што движењето е пpeдвидено на средина. Така што, патниците најверојатно ќе треба да одат од најбрзата лента, кон тротоароите, друго сообраќајно решение оосвен пешачки надвозници не можам да предвидам и логично да склопам. Такви имаме два на „Цветан Димов“ и се тотално нефункционални и никој не ги користи освен за банери и сега истите тие ќе ги има и на Партизанска за граѓаните да се симнат безбедно на тротоарите. И на крај завршуваме со трасата в Ѓорче на која што треба да има 21 застанување и дека времето на патување од Ново Лисиче до Ѓорче би изнесувало околу 34 минути. Сегашниот најстар автобус застанува на 31 -32 станица и времето на возење му е 51 минута. Ако скратите десет станици, рачунајте колку време се добива со најстариот автобус и колку време ние уствари ќе добиеме со оваа прескапа инвестиција од 70 милиони евра со која ќе бидат задолжени сите граѓани на Република Македонија, не само Скопје“, појаснува Трајановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This