Трајановски: Со 400 милиони евра буџет, единствено што направи град Скопје е Дино паркот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Трајановски, советник во Град Скопје од редовите на ГРОМ, во своето гостување во „Филибастер“ на радио Лидер зборуваше за состојбата во главниот град кој има проектиран годишен буџет од 100 милиони евра годишно. Тоа е проектиран и планиран да биде собран од најразлични приливи, а пред сѐ од донации, приходи од наплата на данок и останати транфери од извршната власт.

„Мислам дека е повеќе од очигледно, граѓаните и самите ја добиваат перцепцијата дека нивните пари се трошат залудно. 400 милиони евра е сериозна сума на пари за четири буџетски години со коишто градот Скопје требаше да направи направи барем нешто маркантно. Овој градоначалник требаше да направи барем нешто маркантно кое што ќе остане да сведочи дека токму оваа градба, или објект е направен во време на тој градоначалник. Сите градоначалници на град Скопје си имаат такви проекти, но не и овој, освен ако не го земем во предвид ова последново, актуелно, отварањето на Дино паркот, кое чинеше 350 000 евра и тоа само пластиката, без хортикултурното уредување“, истакна Трајановски.

Трајановск истакна дека при инвестирањето се фаворизираат институции, кои потоа се претставуваат како успешни проекти, како што е примерот со Зоолошката градина која има огромна финансиска поддршка од градот, но нејзината посетеност се должи само на тоа што градот не нуди алтернатива, односно тоа е единствената забава која им се нуди на најмладите граѓани.

„Ние го жртвуваме Луна паркот, односно забавниот парк, ги казнивме најмладите граѓани на Скопје цели пет години за лични хирови. Го поништивме кредитното побарување од 466 милиони денари за реализација на Забавниот парк во склоп на Луна паркот за да направиме ново, поголемо задолжување од 766 милиони денари за реконструкција и асвалтирање наулици. Главниот аргумент за поништување на ова кредитно задолжување беше дека во ова време на корона граѓаните и така ќе бидат затворени и тој проект може да почека. А од друга страна имаме реализација на нешто слично, може да речеме и многу поевтини, но сепак можеме да кажеме дека е импровизирано и многу провидно. Пред сѐ затоа што се фаворизираат институции, како Зоолошката градина каде што е еден од главните пулени директори со кои градоначалникот има огромна соработка. И не е само Дино паркот којшто што кошта 350 000 евра. Во Дино паркот има реквизити кои испуштаат звуци и прават некакви движења, може да замислите дека отприлика истата сума е потрошена за донот на пингвините. Таа да, зоолошката градина добива сериозен буџет за изработка на релаизација живеалишта кои можат да бидат многу поевтина и поекономична. Се фаворизира нешто за да се издигне како успешен проект, а всушнот не е успешен проек, бидејќи доколку има и Зоолошка градина и Луна парк, или Тематски парк, како што милува да го нарече актуелниот градоначалник, тогаш концентрацијата на посетители ќе се раслои. Во моментот кога нема забавен парк, најмладите се приморани да ја посетуваат Зоолошката градина бидејќи во моментот тоа е единствената анимација која градот Скопје во овој момент им ја нуди на најмалите граѓани на град Скопје.“, појасни Трајановски.

Трајановски истакна претходната власт градеше споменици коишто треба културно да ја издигнат нашата нација, додека оваа гради споменици од пластика од две милиони години пред нашата ера. За иронијата да биде поголема, вториве можеме да ги именуваме по нивните вистински имиња, но не можеме да го кажеме споменикот од 325 година пред нашата ера па затоа мораме да имровизираме со „Воинот на коњ“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This