ТРГОВСКАТА ВОЈНА ВО ПОЛН ЕК: Кина го возвраќа ударот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кина наметна царина за увоз на американски стоки како одговор на потегот на Вашингтон, според соопштението на Главната царинска управа на Кина.

Кина потсети дека денес САД воведоа увозни давачки за 818 видови кинески стоки во вредност од 34 милијарди долари.

“Како контрамерки, Кина воведе на истиот ден 25% царини за увоз на истата количина на американски стоки”, се вели во соопштението.

Кинеските царини стапија на сила во 12.01 по локално време.

Кинеското министерство за трговија соопшти дека “САД ги прекршиле правилата на СТО и ја започнале најголемата во економската историја трговска војна”.

Во почетокот на април, САД објави листа на 1.300 кинески производи против кои би можело да се наметнат царини како одговор на кршење на правата на интелектуална сопственост на американските производи од страна на Кина.

Од своја страна, Националниот совет на Кина одлучи да наметне 25 отсто давачки за 106 видови стоки увезени од САД. Во мај, страните сее согласија да не започнат трговска војна и да престанат да воведуваат реципрочни мерки. Сепак, тие не постигнаа договор, а Вашингтон најави нови царински давачки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This