Трифун Костовски до Владата: До кога треба да се вработуваат партиски истомисленици за да имаме гласачка машинерија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За жал, од која страна и да го гледаме реалниот политички и економски свет во земјава, мора да дојдеме до заклучок дека се е подложно на корупција. Досега можеби корупцијата била на едно скалило, сега е на друго скалило, но, коруптивен е целиот систем, истакнува Трифун Костовски во интервју за Фактор.мк.

Костовски вели дека се додека не се поделат јасно позициите и додека институциите не добијат јасни ингеренции и ослободени буџети кои нема да зависат од Владата, ништо не правиме.

-Новата креација на буџетот, кој ќе тежи речиси четири милијарди евра, и со нови 300 милиони евра нето-задолжување, навистина е врв на една хипокризија, која што владее во целото наше општество. Не знам што со овие пари ќе испорача Владата. Извинете, но дали денеска треба само да вработуваме истомисленици бидејќи претстојат избори, за да имаме гласачка машина? До кога така?

Ова што се случува кај нас е нешто страшно. Сите не прават да бидеме подредени на политичките партии и на политичките лидери, гледајќи во нив како единствен спас за нашата егзистенција. Политиката треба да сфати дека таа живее од нас стопанствениците, а не ние стопанствениците од политиката. Но, за жал, работите овде во Македонија се извртени. Не знам до кога ова ќе трае. Нашиот народ изгледа се уште не е толку виспрен, па за да избере лидери кои што ќе знаат што сакаат. Не се ставам себе си тука, како, да не кажам омаловажен од мојот народ. Но, се додека не дојдат личности со интегритет, и со искуство и знаење, ништо не правиме.

Лесно е да се биде премиер. Титулата е прекрасна, но тој премиер прво има обврски, а потоа му доаѓаат бенефициите, вели меѓу другото Костовски во интервјуто за Фактор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This