Три зaпaлeни возила во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу полноќ на улица „Алпи“ во Скопје две непознати лица полиле со запалива течност две возила сопственост на 62 годишен скопјанец.

Едното возило Сузуки потоа го запалиле, а второто Опел корса го оставиле полиено и заминале. Пожарот е изгаснат од сопственикот, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

И на улицата „Рајко Жинзифов“ во Скопје утрово горело возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки сопственост на 29 годишен жител на село Мршевци. И тој пожар е изгаснат, а увид ќе се врши во текот на денот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This