Тројца пoвpeдeни во cyдap на мoпeд и aвтoмoбил на бyлeвap Илинден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице е потешко, а две други полесно повредени во судирот на патничкото моторно возило со мопед што се случил вчера попладне на крстосницата од бул. „Илинден“ и сервисна улица која води кон објект на град Скопје.

-Се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Mерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(46) од Скопје и мопед „бенели“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Џ.Џ.(27) од Скопје. Во незгодата сопатникот на мопедот, Б.М.(30) од Скопје, се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на мопедот и сопатничка од возилото, Ц.С.(43) од Скопје, се здобиле со телесни повреди, соопшти полицијата.

Повредените биле префрлени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This