ТУРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПРВ ВОЗЕШЕ НИЗ НОВИОТ ТУНЕЛ : Отворен новиот тунел под Босфор, кој ги поврзува европската и азиската страна на Истанбул

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прв се возеше низ првиот тунел, кој под Босфорот ги поврзува европската и азиската страна на Истанбул, што е најновиот мегапроект во тој турски град.

erdogantunel

На фотографиите, кои ги објави кабинетот на претседателот се гледа првото возење низ тунелот „Евроазија“. Ердоган вчера беше зад воланот на црн автомобил, на местото на совозачот беше премиерот Бинали Јилдирим, а со нив беше и министерот за сообраќај Ахмат Арслан.

erdogant1

– Денеска го изведовме последното пробно возење низ еден од историските турски проекти, рече Ердоган.

Изградбата на тунелот долг пет километри, на две нивоа почна во 2011 годјна. Тунелот за јавноста ќе биде отворен на 20 декември. Благодарение на тунелот од едната до дргугата страна на Истанбул наместо за 100 минути ќе може да се стигне за 15 минути.

erdogant

Министерот Арслан изјави дека возачите употребата на тунелот „Евроазија“ ќе ги чини четири евра плус данок.

Проектот чинеше околу 1,25 милијарди долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This