ТУРЦИЈА ГИ ПОВЛЕКУВА РЕЗЕРВИТЕ ОД ЗЛАТО: Турската централна банка ги повлече резервите во злато до САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупниот волумен на резервите на злато на Турската централна банка, кои беа складирани во САД, изнесуваше 220 тони; минатиот месец, турските резерви на злато вредеа околу 25,3 милијарди долари.

Локалните медиуми ги цитираа владините извори дека Централната банка на Република Турцијаги префрли своите резерви на злато од американската Федерална банка во Анкара.

Во март 2018 година, резервите на злато на ЦБРТ беа во вредност од 25,3 милијарди долари; 220 тони турски злато се чуваат во САД.

Најголемите приватни турски банки, исто така, ги повлекоа своите златни резерви од странство, реагирајќи на повикот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган “да се ослободи од притисокот на девизниот курс и да се користи златото наспроти доларот”.

Халк Банкаси пренесе 29 тони злато во Турција, според турскиот весник Милијет.

Односите меѓу Турција и САД се влошија поради поддршката на Вашингтон за Курдската народна партија во Сирија, на која Анкара гледа како терористичка организација поврзана со Курдистанската работничка партија исто така, на црната листа на турската влада како терористичка организација.

Дополнително, Белата куќа и се закануваше на Анкара со санкции ако Турција продолжи со плановите за купување на одбранбените системи С-400 од Русија.

Претходно Ердоган на заедничката прес-конференција со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Анкара и Москва постигнале договор за купување на С-400 и дека прашањето било затворено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This